Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По долга пауза денеска почнува групната фаза од елитната Лига на шампиони (ЛШ) во која трофејот ќе го брани актуелниот првак Челси.
За титулата ќе се борат 32 екипи, кои се поделени во осум групи, а меѓу фаворитите за освојување на трофејот се Манчестер сити, Баерн Минхен, Челси, Ливерпул и Барселона.
Суперкомпјутерот најголеми шанси му дава на Манчестер сити за освојување на трофејот, по што следат Баерн Минхен, Челси, Ливерпул и Барселона, а интересно е тоа што ПСЖ има помала веројатност да ја освои титулата од Лајпциг.
Суперкомпјутерот предвиде:
Манчестер Сити 16%
Баерн Минхен 11%
Челси 10%
Ливерпул 9%
Барселона 8%
Реал Мадрид 6%
Манчестер Јунајтед 5%
Ајакс 5%
РБ Лајпциг 4%
ПСЖ 4%
Борусија Дортмунд 4%
Атлетико Мадрид 4%
Интер 4%
Јувентус 2%
Севилја 2%
Аталанта 1%
Салцбург 1%