Суперкомпјутерот пресмета кој ќе биде шампион во Серија А


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сезонава во Серија А повеќе не владее доминацијата на Јувентус и неколку тимови се борат за титулата, меѓу кои се и градските ривали Милан и Интер.

Интер е прв на табелата во Серија А по 22 одиграни натпревари, а веднаш зад него е Милан, па поради тоа Италијанците решија да искористат Суперкомпјутер кој ќе даде конечен епилог.

Суперкомпјутерот пресмета како ќе изгледа конечната табела и таа е навистина интересна затоа што Интер ќе биде шампион, по што следи Милан со два бода помалку, а Јувентус ќе заврши на третата позиција, додека четвртопласиран ќе биде Наполи.