Суспендиран кошаркарот кој предизвика тепачка на кошаркарски натпревар

Кошаркарот на универзитетот Канзас Силвио Де Соуза вчера предизвика вистински хаос во натпреварот против Канзас Стејт.

Тој во самиот финиш го блокираше противничкиот играч Дехуан Гордон, а потоа од без потрба предизвика тепачка.

Настана вистински хаос. Во тепачката учествуваа апсолутно сите, дури и публиката беше дел од хаосот.

Де Соуза беше највоинствен. Во негови раце заврши стол со кој удри по противниците и тоа на крајот го чинеше суспензија.

Универзитетот одлучи да го суспендира и неговата иднина во оваа школа е под знак прашање.