Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалската репрезентација на Италија и Шведска од 15 часот ја отвора денешната програма на ЕП во ново дерби во група Е.
Селекторот на Италија Антонио Конте се одлучи на теренот да испрати состав со една измена во однос на првиот меч со Белгија.
Наместо Матеа Дармијан, ќе игра Алесандро Флоренци, а формацијата останува 3-5-2 со бедемот на Јувентус пред голот.
Италија (3-5-2): Буфон – Барзаљи, Бонучи, Киелини – Флоренци, Пароло, Де Роси, Џакерини, Кандрева – Едер, Пеле.
На другата страна нови стартер е единствено напаѓачот на Селта Гуедети кој ќе сочинува тандем со Ибрахимовиќ, додека во однос на мечот со Ирска во стартниот состав се и Јохјансон и Олсон наместо Левицки и Лустиг.
Шведска (4-4-2): Исаксон – Јохансон, Линделоф, Гранквист, Олсон – Ларсон, Екдал, Калстром, Форсберг – Гуедети, Ибрахимовиќ.