Светот го исмејува, а Јувентус добро ќе заработи на него


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот Симоне Заза ќе го напушти Јувентус во ова лето.

Одличниот напаѓач, кој во последните денови е предмет на имејување поради промашениот пенал во четвртфиналето на ЕВРО против Италија, доби понуда од Волфсбург.

Италијанскиот шампион Јувентус, се одлучи да ја прифати понудата на германскиот тим и Заза од наредната сезона ќе игра во Бундеслигата.

Старата дама за услугите на 25 годишниот фудбалер ќе инкасира 30 милиони евра, а Заза после само една сезона ќе ги напушти редовите на торинскиот клуб.

Од вкупната сума 25 милиони ќе добие одма, додека дополнителни пет ќе бидат исплатени низ разни бонуси. Претходно за овој фудбалер е одбиена понуда од Вест Хем, кој нудеше 27 милиони евра.