Светот ќе беше идеално место за живот ако сите размислуваа како млада гимнастичарка од Русија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Евгенија Медведев има 22 години и живее во Москва, а се натпреварува во уметничко лизгање и не може да остане мирна поради тоа што се случува во Украина.

Младата Русинка освои сребрен медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, а на Инстаграм остави порака која не се осмелуваат да ја напишат многу руски спортисти.

„Имам впечаток дека во последните седум дена остарев за 10 години. Но, не сакам вака да пораснам. Јас сум само девојка која веруваше во идеалите на уметноста, во доброто, секогаш бев наивна и смешна. Сакав да останам забавна постојано. Сакам да го почна денот со нешто позитивно, а не со политика и војна“, вели гимнастичарката.