Светот тагува по Киптум: Ова е огромна загуба за спортот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светскиот рекордер во маратон, Келвин Киптум загина на 24-годишна возраст во сообраќајна несреќа.

Со Киптум загина и неговиот тренер Жерваис Хакизимана, а по трагичната вест се јави првиот човек на светската атлетика, Себастијан Коу.

„Шокирани сме и тажни поради огромната загуба на Киптум. Ова е голема загуба за спортот. Испраќаме сочувство до нивните семејства, пријатели и колеги“, кажа Коу.