Светскиот првак со Германија си ја заврши кариерата на 34 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прославениот германски фудбалер и играч на Херта од Берлин, Сами Кедира две години се мачеше со повреди поради кои реши да се пензионира.

Во кариерата ја освои Бундеслигата со Штутгарт, а со Реал Мадрид ги освои сите трофеи, по што со Јувентус беше пет пати шампион на Италија и освои три Купа и два Суперкупа.

Оваа сезона Кедира одигра 318 минути за Херта во осум натпревари, а имаше две асистенции за своите соиграчи.

За Јувентус во есенскиот дел од сезоната не одигра ниту минута, додека минатата сезона настапи 18 пати за „Старата дама“ и имаше една асистенција.