Свитолина со прекрасен потег го воодушеви светот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Украинската тенисерка Елина Свитолина блеска на тениските терени, но и надвор од него освои многу навивачи со својот преубав потег.

Дарија Лопатеска, 16-годишната тенисерка која неодамна претрпе тешка повреда на коленото, па мораше да оди на операција која чини 12.000 евра, а Елина ја плати целата сметка за медицинскиот зафат во Италија и така помогна на својата сонародничка.

За тоа се дозна така што сестрата на Дарија по операцијата јавно се заблагодари на Свитолина за помошта.

Елина има 24 години, беше трета во светот, а во кариерата има освоено 13 титули и заработено повеќе од 14 милиони долари, па не беше проблем да плати 12.000 евра за нејзината сонародничка.