Тадиќ мајсторе: Србинот го постигна најболниот гол во кариерата 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ајакс играат одлично во Лигата на шампиони (ЛШ), па така синоќа ја совладаа Борусија Дортмунд со 3-1.

Дортмунд поведе со голот на Ројс во 37. минута, но тимот од Амстердам во завршницата од натпреварот постигна три гола и го комплетираше пресвртот.

Гостите се вратија во мечот во 72. минута, а во центар на внимание беше српскиот репрезентативец Душан Тадиќ, кој погоди за 1-1.

Меѓутоа, при постигнување на голот, Тадиќ се удри во стативата и тоа изгледаше навистина болно, а по мечот порача дека тоа му бил најболниот гол во кариерата.