Тага пред „Камп Ноу“: Навивачите плачат и се молат Меси да остане! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на Барселона ги минуваат најтешките моменти бидејќи Лионел Меси нема да остане во тимот поради финансиските проблеми.

Каталонскиот клуб вчера соопшти дека Меси заминува од екипата, иако се шпекулираше дека ќе потпише нова соработка со гигантот.

„Иако се договорија двете страни, сепак тоа не е возможно поради правилата на Ла Лига“, соопштија од Барселона.

И додека светот го чека следниот потег на Меси, навивачите на Барселона се во шок и не можат да се помират со судбината дека си заминува човекот кој им донесе 34 трофеи.