Тајсон ќе се бори со јутјуберот Пол


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот светски шампион во бокс, Мајк Тајсон ќе се врати во рингот и на 20 јули во Далас ќе се бори против јутјуберот и боксер Џејк Пол.

Борбата ќе се одржи на стадионот „Арлингтон“, каде што настапува НФЛ-тимот на Далас.

„Џејк ќе биде подобар со тек на годините и интересно е да се види какви се неговите амбиции против најдобриот во историјата“, објави Тајсон.

Тајсон се бореше и во ноември 2020 година против Рој Џонс во Лос Анџелес, додека Пол не е првиот од неговото семејство кој ќе се пресмета со боксерска легенда зашто претходно неговиот брат Логан Пол се бореше со Флојд Мејведер.