Тајсон: Не се борам за пари и титула, туку за хуманитарни цели!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мајк Тајсон по 15 години се врати во ринг и се бореше против Рој Џонс јуниорс, при што потсети на неговите најдобри денови.

Секако, на 54 години не може да биде моќен како во минатото, но во секој случај понуди спетакл за љубителите на боксот.

„Среќен сум што успеав да се борам. Апсолутно ќе го повторам ова, иако не се вратив поради појас, пари или титула, туку поради хуманитарна работа. Тоа е нешто многу поголемо од освојување на титулата. Хуманитарците им помагаат на луѓето“, вели Тајсон.

Тајсон е свесен дека се наоѓа во години и не може врвно да се бори.

„Јас не сум гигант, јас сум почетник“, вели Мајк.

Истрошениот Џонс не сакаше да потврди дали е подготвен за реванш.

„Сите го сакаат Мајк, и јас го сакам, но треба да се примаат неговите удари“, вели 51-годишниот ас.