Тајсон полуде: Егото ми расте, дајте ми го било кој противник! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон се подготвува за враќање во рингот. Популарниот боксер има 53 години, но неколку недели споменува дека може да се врати во рингот и да се бори во хуманитарни цели.

Тајсон кажа дека е задоволен со неговото тело и кажа дека егото му расте.

„Едноставно уживам во тоа што изгледам добро и што го покажувам своето тело. Моето его почна да расте, постојат многу работи на кои се надевам во иднина“, порача Тајсон.

Најверојатно првиот ривал ќе му биде Евандер Холифилд, со кој се бореше пред 20 години и има уште нерасчистени сметки. По Холифилд, Тајсон вели дека може да се бори со било кого.