Талент на Ајакс сакал да игра во Јунајтед, а Тен Хаг ќе му ја исполни желбата?

Манчестер јунајтед го чека голем ремонт на лето откако на кормилото ќе седне Ерик Тен Хаг, па се очекуваат неколку засилувања во клубот.

На сите на „Олд Трафорд“ им е јасно дека во нападот им се потребни нови напаѓачи, а на листата со желби се наоѓа и едно момче на кое му се предвидува блескава кариера.

Брајан Броуби е млад напаѓач на Ајакс кој кажа дека сака да заигра во Јунајтед, а во тоа би можел да му помогне тренерот Тен Хаг.

„Многу сум среќен поради него и тоа го заслужува по сè што направи за Ајакс. Кога би ме земал со него. Воопшто не се шегувам“, кажа младиот фудбалер.