Талески: Јас сум најомразен ракометар во Македонија и тоа ме боли! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Филип Талески даде изјава за „Бекстејџ“ за неговата кариера во последните години и за тоа што се соочува со многу критики.

Талески смета дека критиките треба да постојат, но проблем се навредите кои ги добива на социјалните мрежи.

„Јас сум најомразен ракометар во Македонија. На моите интервјуа и останати статии можам да прочитам многу навреди. Никој не може да им забрани на луѓето да го кажат своето мислење, но не треба да има омразени коментари“, вели ракометарот на Вардар.

Талески кажа дека потпишал договор на уште една година плус со „црвено-црните“ и тој е горд зашто ќе го носи дресот на поранешниот европски првак.