Талески: Не заслужив никој да ме тепа со пендрек!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Филип Талески го извлече најдебелиот крај во мешаницата по мечот меѓу Вардар и Пелистер (26-25) во Купот на Македонија.

Талески доби пендрек по глава од полицаец без никаква причина, а во разговор со „Лоб Спорт“ откри дека сè уште е во шок поради инцидентот.

„Како спортист мислам дека е добро кога постојат такви дербија, но вакви работи не смеат да се случуваат. Во шок сум, како и цела ракометна јавност. Исто така, верувам дека надлежните органи ќе го решат случајот. Навистина не знам како е можно да добијам удар со пендрек од полицаец“, кажа Талески.