Талески: Нема повеќе изговори дека сме млади и неискусни!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија следниот месец ќе настапи на ракометното Светско првенство (СП), а селекторот Кире Лазаров денеска ги собра ракометарите.

Ракометарот на Вардар, Филип Талески кажа дека повеќе нема изговори за резултатите, а исто така посочи дека на контролните средби пред првенството ќе ги проверат своите сили.

„Конечно се случи промената на составот. Добивме голема помош од поискусните ракометари. Уште додека беше ждрепката знаев дека ќе ни се падне најтешката група. Треба да ги анализираме противниците и потоа селекторот да направи тактика за да се прикажеме во најдобро светло“, вели Талески.