Тандем кој ќе ја покори Европа: „Терминаторот“ стигна, а „предаторот“ се најави со хет-трик!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити има фантастичен тим, а во новата сезона ќе биде уште посилен со нови две засилувања, кои веќе потпишаа за англискиот шампион.

Ерлинг Халанд стигна од Борусија Дортмунд, а на него ќе му се приклучи и Хулијан Алварез кој беше купен уште во јануари.

„Граѓаните“ за услугите на 22-годишниот Алварез платија 15 милиони евра и го оставија во Ривер плејт, откако претходно потпиша петгодишен договор.

Одличниот напаѓач е еден од најталентираните фудбалери во Јужна Америка, а тоа го потврди вчера откако стана првиот играч во историјата на клубот, кој постигнал шест гола на еден меч.