Таткотко на ѕвездата на Милан проговори: По ова, ништо не се знае…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан во јануари успеа да го осигура трансферот на овосезонската сензација во Серија А, Криштоф Пјотек.

„Росонерите“ за него издвоија 35 милиони евра, а Пјотенк во новата средина продолжи таму кадешто застана во Џенова. Постигна осум погодоци во 10 настапи за Милан.

Сега за патот на својот син до ѕвездите проговори таткото на Криштоф, Владислав Пјотек.

„Беше нормално дете, со малку повеќе енергија од останатите, но, добро момче… Првпат замина од дома на 17 години, замина во Лубин. Можеше да се загуби, да излезе од патот, да направи разни глупости бидејќи живееше сам, а сите му зборуваа дека е одличен. Да немаше голема дисциплина, би тргнал во друга насока“, истакна Владислав и додаде:

„Знаев дека морам да го научам на дисциплина, секогаш м зборував дека мора да има почит кон оние кои го гледаат. Во Краковија покажа карактер и сила. Го ставија во резервниот тим цела недела, а тој не кажа ништо. Таа сабота се најде во стартната постава и со 2 погодоци придонесе Краковија да слави со 2:1“.

Пјотек за полусезоната мината во Џенова постигна 19 погодоци во 21 натпревар.

„Со секој чекор добиваше самодоверба и во Италија пристигна во вистински момент“, истакна таткото на денес фантастичниот напаѓач на Милан.

„Сега сака да го однесе Милан во ЛШ, а кога неговиот договор ќе истече 2023. година, ќе видиме што ќе се случи… Криштоф гледа промена како клучен дел од неговиот развој. Ако Милан се развива во исто темпо како и тој, ако заедно напредуваат, невозможно е да се каже кога нивните патишта ќе се разидат“, заклучи Владислав.