Таткото на Јовиќ со јасен став: Ако син ми е виновен, нека оди во затвор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овие неколку денови, главна тема во Србија е Лука Јовиќ кој го прекрши карантинот во Мадрид и дојде во Србија.

Многумина го обвинија фудбалерто за неодговорност и непочитување на правилата на клубот, но и на српската влада.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, како и претседателот на земјата, Александар Вучиќ упатија критики до Јовиќ и воедно посочија дека секој ќе одговара доколку ги прекрши правилата.

„Лука досега два пати се тестираше и беше негативен. Поради тоа мислеше дека може да дојде во Србија, но сега испадна како да направил меѓународен криминал. Па ако е виновне, нека оди во затвор. Тоа е јасно. Се согласувам со госпоѓата Брнабиќ, но само ако е виновне. Седеше во станот и не одеше никаде“ –изјави Милан Јовиќ.