Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот фудбал е обвиен во црно по веста дека на 58 години почина Ерик Рој, тренер на Брест и поранешен фудбалер на Ница, Лион и Марсеј.
Веста за неговата смрт ја потврди семејството, откривајќи дека последните три и пол години се борел со рак на панкреасот.
„Во текот на целото тоа време, тој продолжи да живее со сила која и денес не импресионира, потпирајќи се на љубовта на своето семејство, фудбалот, работата и страста која никогаш не го напуштила“, напишаа неговата сопруга и децата во емотивна објава на социјалните мрежи.
Рој е роден во Ница, каде што ја започна својата професионална кариера. Во текот на неговите играчки денови, носеше дресови на неколку познати клубови, меѓу кои Лион, Марсеј, Сандерленд и Рајо Ваљекано.
















