Тажни вести: Балак го загуби 18-годишниот син во сообраќајка!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Синот на поранешниот германски фудбалер Михаел Балак, 18-годишниот Емилио, загина во сообраќајка во близина на Лисабон.

Причината за несреќата уште не е позната, но португалските медиуми пишуваат дека синот на Балак настрадал додека возел четирицикл во два часот наутро во Португалија.

Итната помош и пожарникарите веднаш пристигнале на местото на несреќата, но момчето починало на лице место.

Балак е поранешен фудбалер на Каизерслаутерн, Баер Леверкузен, Баерн Минхен и Челси, а во дресот на германската репрезентација има 98 настапи и 42 гола.

Во текот на кариерата освои 14 трофеи со неговите клубови, додека со Германија стигна до второ место во 2002 година, трето во 2006 и има уште едно второ место од Европското првенство во 2008 година.