Теквондистите од Охрид на престижен турнир во Бугарија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Таеквон-до “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид викендов ќе земе учество на меѓународен Таеквон-до ИТФ турнир до 18 години кој ќе се одржи во Перник соседна Бугарија.

-На овај турнир ќе настапиме со 10 натпреварувачи, на овај натпревар ќе настапиме со половина дебитанти половина редовни натпреварувачи, кои за противници ќе ги имаат репрезентативците на Бугарија, кои ќе им се одличен тест за наредното Европско првенство во април месец во Прага , а за дебитантите ќе биде одлично искуство и за нив, кои веќе ги пратат стапките на повозрасните натпреварувачи и обеќаваат дека ќе имаме уште една силна генерација натпреварувачи.

Како што ни е познато соседна Бугарија е една од најдобрите репрезентации на светот па квалитетот на натпреварот ќе биде на високо ниво, ни изјавува Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, претседател на клубот и на Македонската ИТФ.