„Телеграф“: Тен Хаг донесе одлука за иднината на Роналдо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерик Тен Хаг ќе има тешка задача да направи реконструкција во Манчестер сити и следната сезона да се вклучи во битката за титулата во Премиерлигата, откако премиерлигашот оваа сезона остана и без топ-4.

Тен Хаг веќе решил кои фудбалери ќе си заминат од „Олд Трафорд“, а голема дилема беше иднината на Кристијано Роналдо, но британски „Телеграф“ тврди дека веќе сè е јасно.

Медиумот објави дека Тен Хаг решил да го задржи Роналдо, кој сезонава постигна 24 голови и три асистенции во сите натпреварувања и сигурно ќе биде важен дел од екипата.

Роналдо има договор со „црвените ѓаволи“ до 2023 година, па треба да му помогна на Тен Хаг со неговото искуство.