Телохранители ќе го чуваат Ферстапен во Мексико


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ги налути навивачите на Серхио Перез и затоа ќе го чуваат двајца телохранители за време на викендот во кој се вози трката за Големата награда на Мексико.

Холанѓанецот беше навредуван и во остин, а во Мексико се очекува вистински пекол, откако минатата година не испочитува тимска наредба и не му ја отстапи позицијата на Перез кој се бореше за втората позиција во генералниот пласман.

„Макс кажа дека не му треба никој и дека е целосно опуштен, но ние моравме да преземеме мерки за зголемување на неговата безбедност“, соопштија од Ред Бул.