Тен Хаг е строг тренер: Преку голманот на Ајакс испрати порака до идните фудбалери!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг сè уште е на кормилото на Ајакс и нема милост кон фудбалерите кои не се дисциплинирани.

Таков беше голманот Андре Онана, поради што Тен Хаг го испрати на предвремен одмор и за него сезоната е завршена.

Онана одби да се поздрави со навивачите по средбата против Спарта Ротердам, а тоа го налути Тен Хаг, кој веднаш реагираше и го казни голманот.

Тен Хаг испрати порака и до неговите идни фудбалери во Манчестер дека ќе мора да ги почитуваат правилата, а доколку ги прекршат, тогаш ќе бидат казнети.

Јунајтед нема освоено титула во Премиерлигата од 2013 година, а на Тен Хаг тоа ќе му бде главна цел за неговиот мандат во Манчестер.