Тен Хаг ги најави своите планови и ги крена сите на нозе во Манчестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг кажа дека ситуацијата во клубот не е добра, но екипата има потенцијал да се врати таму каде што и е местото.

Холанѓанецот од трибините го следеше поразот од Кристал Палас со 0-1 во последното коло од Премиерлигата, па така Јунајтед ја заврши сезоната на шестата позиција на табелата.

„Во моментов ситуацијата не е добра и мора да ја прифатиме. Меѓутоа, мора да бидеме свесни и дека Јунајтед пред една година беше втор во Англија. Потенцијалот постои и сега на нас останува да го извлечеме максимум. Тоа е процес и потребно е време. Мора да работиме напорно и ќе играме фантастичен фудбал“, кажа Тен Хаг.