Тен Хаг ќе остане без важен првотимец во следните два месеци!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед доби лоша вест по натпреварот против Вест хем затоа што се повреди Лисандро Мартинез.

Аргентинецот го повредил коленото и ќе мора да паузира околу два месеци, но добра вест е тоа што не треба да прави операција која би го оддалечила уште повеќе од терените.

„Лисандро е тажен и разочаран. Напорно работеше да се врати и сега се повреди, по што го чека нова пауза“, кажа тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг.

Јунајтед во моментов се наоѓа на шестата позиција во Премиерлигата со 38 бодови, односно 13 помалку од Ливерпул.