Тен Хаг ќе плати 75 милиони евра за одличен напаѓач од Јужна Америка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед со мислите е на летниот преоден рок, каде што ќе бара нови засилувања за следната сезона конечно да може да ја нападне титулата во Премиерлигата, а во тоа треба да им помогне новиот тренер Ерик Тен Хаг.

Тен Хаг бара нов напаѓач на екипата, а медиумите постојано шпекулираат за неговите желби, па така вчера се појави информација дека го сака Виктор Осимен од Наполи, но постои интерес и за Лаутаро Мартинез од Интер.

„Експрес“ објави дека Јунајтед сака да го понуди Маркус Рашфорд плус пари за да го добие потписот на напаѓачот од Јужна Америка, но најверојатно Интер нема да попушти и ќе бара само пари за негов трансфер.

Во моментов Мартинез е проценет на 75 милиони евра, па тоа значи дека премиерлигашот ќе мора да потроши многу пари за напаѓач, кој веќе неколку сезони игра одлично за „нераѕурите“.