Тен Хаг: Мегваер не ги заслужува критиките, а Антони и Санчо имаат проблеми


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот Ерик Тен Хаг зборуваше за неговите фудбалери пред натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Брајтон во Премиерлигата.

Антони беше исклучен од тимот поради обвиненија за насилство, а Џејдон Санчо е санкциониран поради проблеми со дисциплината.

„Зборував со нив. Антони е разочаран, но ја прифаќа одлуката и сака да се реши ситуацијата. Мислам дека и Санчо ќе се врати во тимот, но мора да работи на дисциплината. Јас бев ангажиран за да создадам голем тим и мора да имаме високи стандарди. Што се однесува до Хари Мегваер, тој не заслужува критики и погрдни зборови“, вели Тен Хаг.