Тен Хаг мисли на иднината: На „Олд Трафорд“ носи голема ѕвезда за 100 милиони евра

Манчестер јунајтед пред неколку дена потврди дека од следната сезона на чело на тимот ќе седне Ерик Тен Хаг од Ајакс.

Медиумите веднаш почнаа да шпекулираат со потенцијалните засилувања на 52-годишниот Холанѓанец, а „Ла Република“ објави дека негово прво засилување ќе биде Виктор Осимен од Наполи.

Италијанските медиуми пишуваат дека Наполи сака да добие 100 милиони евра за Осимен, иако не сака да ја прекине соработката со 23-годишниот напаѓач.

Јунајтед е подготвен да понуди 100 милиони евра за Осимен, кој оваа сезона одигра 28 меча за екипата и постигна 16 голови, како и пет асистенции за Наполи.