Тен Хаг му се налути на цел свет: Срамни ви се коментарите за победата над Ковентри


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед славеше против Ковентри на пенали, но имаше водство од 3-0, па се донесе до ситуација да бара спас од ВАР-технологијата во 121. минута од средбата кога прими гол за 3-4.

Навивачите и стручните коментатори го критикуваа премиерлигашот за настапот во ФА-купот, а тренерот Ерик Тен Хаг им се налути и испрати јасна порака.

„Не ви ги разбирам реакциите. Коментарите од стручните лица и медиумите се срамни. Јас како тренер обезбедив четири финалиња во четири години и овие коментари се срамни“, кажа Тен Хаг.