Тен Хаг: Нема што повеќе да кажам за Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг пред неколку дена го исфрли Кристијано Роналдо од првиот тим, но по состанокот со Португалецот реши да го врати во екипата.

Роналдо ќе биде достапен за дуелот во Лига Европа против Шериф, откако претходно го пропушти дербито со Челси во Премиерлигата.

Холанѓанецот на прес-конференцијата кажа дека нема повеќе да одговара прашања за Роналдо, затоа што неговата идниан е јасна.

„Роналдо беше надвор од тимот на еден меч, но сега се врати и повторно тренира. Ви одговорив на сите прашања минатата недела и мислам дека нема потреба да се повторувам. Нема што повеќе да кажам за Роналдо. Треба да се фокусираме на следниот дуел“, вели Тен Хаг.