Тен Хаг објасни зошто не му дал шанса на Роналдо против Сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед доживеа дебакл во градското дерби против Манчестер сити (3-6) во англиската Премиерлига, а шанса на мечот не доби Кристијано Роналдо и тоа ги зачуди навивачите.

Тренерот Ерик Тен Хаг реши да го остави Роналдо на клупата, а на прес-конференцијата доби прашање од новинарите зошто го направил тоа, по што даде објаснување.

„Нашиот настап беше ужасен. Навистина не очекував такво нешто. Во претходните дуели можеше да се забележи напредок, добра атмосфера и борбеност. Не сакав да го пуштам Роналдо на теренот поради почит кон него и неговата голема кариера“, кажа Холанѓанецот.

Тен Хаг, исто така, зборуваше и за Ентони Марсијал кој доби шанса од клупата.

„Со него ситуацијата е поразлична. Сакав да му дадам шанса затоа што му е потребна минутажа“, вели Тен Хаг.