Тен Хаг: Сакам Манчестер јунајтед да стане најдобар тим во светот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг има јасна задача на кормилото на премиерлигашот, а тоа е да го направи најдобар клуб во светот.

Тен Хаг посочи дека напорно работат за да ги остварат целите и во моментов смета дека се на добар пат.

„Сакаме да станеме најдобар тим во Англија, Европа и во светот“, кажа Тен хаг.

Стратегот на „ѓаволите“ кажа дека извршил и притисок врз раководството на тимот да му понуди нов договор на Маркус Рашфорд, кој игра во одлична форма.