Тен Хаг: Ви кажав дека Онана ќе го покаже својот квалитет!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг беше среќен по првата победа во групната фаза во Лига на шампиони (ЛШ) оваа сезона.

„Ѓаволите“ успеаа да триумфираат на крилјата на најголемите киксери Хари Мегваер и Андре Онана.

Мегваер постигна гол за водство на премиерлигашот, а Онана одбрани пенал во шестата минута од судиското надополнување за победа на Јунајтед.

„Онана го покажа својот квалитет. Имаше неколку одлични одбрани, а потоа во судиското надополнување одбрани пенал. Ви кажав дека ќе го покаже својот квалитет“, кажа Тен Хаг.