Тенисерка колабираше: Словенка се гушеше во димот, загрижувачка состојба во Мелбурн (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенечката тенисерка Далила Јакуповиќ мораше да се откаже од квалфикациите на Австрлијан опен. Тенисерката мораше да повлече поради тоа што почна да се гуши затоа што имаше лош квалитет на воздухот.

Страшните пожари во Австралија предизвикаа големо загадување на воздухот, па тој во моментов е на најниско можно ниво.

Јакуповиќ доби помош во вториот сет од мечот против Стефани Фогел, а Словенката имаше проблеми со дишењето, по што колабираше и мораше да се повлече.

„Се исплашив. Не можев да одам, ова никогаш не сум го доживеала. Немам астма, никогаш не сум имала проблеми со дишењето. Всушност, сакам кога е топло, но сега не можев да дишам“, порача Јакуповиќ.