Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Францускиот фудбалер Тео Хернандез пристигнува во Реал Мадрид за 20 милиони евра пред почетокот на сезоната.
Овој 22-годишен лев бек во кралскиот клуб не доби вистинска шанса, па реши да го смени клубот минатото лето. Ернандез го избра Милан за своја нова дестинација и досега одигра неколку одлични натпревари оваа сезона.
Ернандез запиша 22 настапи во дресот на „Росонерите“ во Серија А, постигнувајќи пет гола и додаде уште три асистенции. Иако тој има договор со Милан до летото 2024. година, веќе се шпекулира дека тој може повторно да ја промени средината.
Тој го привлече вниманието на многу клубови преку одлични игри, при што италијанските медиуми објавија дека ПСЖ сериозно го „загризал“. Дури и во Милано немаат ништо против да го продаваат затоа што се свесни дека ќе заработат огромни пари за само една година.
Милан го донесе од Реал за 20 милиони евра, а сега би можеле да го продадат Ернандез на ПСЖ за дури 60 милиони евра.