Тепачка во редовите на шампионот: Грин нокаутирал соиграч од Голден Стејт!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американските медиуми пишуваат дека Дејмонд Грин го нокаутирал Џордан Пул на тренингот на Голден Стејт вориорс.

Ова е сериозен проблем во составот на актуелниот првак на само десетина дена пред почетокот на новата сезона.

Двајцата кошаркари најпрво се скарале, по што вербалната расправија преминала во тепачка, а Грин го нокаутирал Пул.

Грин потоа се извинил, но нема да избегне казна, а засега медиумите не откриваат која е причината за тепачката меѓу двете ѕвезди.