Тер Штеген ќе паузира долго – проблеми за Барселона!


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Барселона има огромен проблем бидејќи голманот Марк Андре Тер Штеген се повреди и мора да оди на операција, а по истата ќе паузира околу три месеци.

Германецот се здоби со повреда за време на обврските во репрезентацијата, а тоа ѝ создаде проблеми и на Барселона.

Каталонскиот гигант бара замена за Тер Штеген, а наводно изборот паднал врз Давид Де Хеа кој во моментов е слободен играч.

Според прогнозите, Тер Штеген ќе паузира најмалку до 1 март, а тоа е проблем за Барселона, па затоа мора активно да тргне во потрага по засилување.