Тери призна дека Челси се согласил да го продаде на многу послаб клуб, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џон Тери е легенда на тимот на Челси и вечно ќе остане запаметен меѓу фановите на клубот од Лондон.

Стоперот долго време го носеше дресот на „Сините“, а сега медиумите во Англија откри дека на адреса на Челси стигнале само две официјални понуди, од кои едната била прифатена.

„Само два клуба испратија официјална понуда за мене додека играв за Челси. Челси рече „Да“ на Хадерсфилд, но Вијали одби да ме пушти. Му благодарам на тоа што ми даде прилика во првиот тим. Голем човек, голем тренер“ –изјави Тери кој потоа додаде дека следната понуда за него стигнала во 2009 година.

„Тогаш ме сакаше Манчестер Сити, испратија и официјална понуда, но јас седнав со сопственикот на Челси и во лице му кажав дека не сакам да си одам. Ако сака да ме продаде, тогаш добро, но моја желба е да останам. Во меѓувреме добив нов договор и останав уште пет шест години после тоа“ –изјави Тери кој кариерата ја заврши во Астон Вила каде и сега е помошник тренер на Дин Смит.