Тешко на ѕвездите на Јунајтед: Рангник има необични методи за казнување!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тренер Ралф Рангник ќе стане нов тренер на Манчестер јунајтед, откако ги договори условите со премиерлигашот и ќе го предводи тимот во следните шест месеци, а потоа ќе остане како спортски директор.

Рангник направи чудо со Хофенхајм, кој го водеше од регионалната лига до Бундеслигата, а имаше успешни епизоди и со Шалке со кој ги освои Купот и Суперкупот, како и со Лајпциг.

Меѓутоа, стратегот е познат по неговите чудни методи за казнување на фудбалери. Тој има „лотарија“, па фудбалерите можат да добијат различни казни.

Некои од казните се работа во клупската продавница, работа во кафе-бар, шетање туристи низ стадион, тренирање во фустан и други казни.