Тикет на денот (недела, 18.08.2024)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конечно недела каква што посакува секој кладилничар. Овој викенд започнуваат топ лигите, а веќе од наредниот викенд тоа ќе биде комплетно. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Челзи – Манчестер Сити – ГГ @ 1.45 во Mozzart

Челзи минатата сезона може да ја категоризираат како сезона за заборавање. Тие завршија на 5-та позиција и тоа беше доволно за да обезбедат пласман во конференциската лига што не ги задоволи апетитите на овој клуб, па оваа година веруваме дека ќе дадат се од себе за да го поправат впечатокот. Од друга страна, Манчестер Сити повторно ја освои титулата во Премиер лига, а ништо помали амбиции немаат ниту за оваа сезона. Без многу двоумење овде решивме да типуваме ГГ со квота 1.44 во Mozzart.

Лацио – Венеција – 1 @ 1.53 во 22Bet

Лацио оваа сезона ќе бидат дел од европската сцена и ќе се натпреваруваат во Лига Евроап бидејќи ја освоија 7-та позиција на табелата во италијанската Серија А. Тие за време на паузата изиграа неколку контролни натпревари и на ниту еден не ба поразени, а посебен впечаток остава дуелот против Ауронзо каде што победија со вртоглави 23:0. Нивниот противник, екипата на Венеција оваа сезона ќе бидат дел од елитата бидејќи успеаја преку плеј оф да се пласираат во Серија А и нивната цел е да останат тука подолго од една сезона. Ние овде веруваме дека Лацио ќе победи без поголеми проблеми и типуваме 1 со квота 1.53 во 22Bet.

Мајорка – Реал Мадрид – 2 @ 1.57 во 20Bet

Во првата рунда од новата сезона на Ла Лига, Мајорка ќе биде домаќин против тимот на Реал Мадрид. Овде екипата од Мадрид е огромен фаворит, а веруваме дека и без поголеми проблеми ќе ја оправдаат таа улога. Мајорка во минатата сезона ги видовме во одлично светло и најважно е тоа што обезбедија опстанок за да бидат дел од елитата и оваа година. За Реал Мадрид нема што многу да се кажува, бидејќи овој тим е „гладен“ за титула и повторно очекуваме да „газат“ оваа сезона. Ние типуваме 2 со квота 1.57 во 20Bet.

Екенас – ХЈК – 2 @ 1.40 во Bet365

Екенас  е на последната позиција на табелата и овој тим дефинитивно ќе се пресели во понизок ранг. Тие во 19 изиграни натпревари зедоа само 12 бода што е навистина премалку за да бидат во конкуренција со останатите екипите. ХЈК од друга страна некако заостана во борбата за титула, но до крајот има уште многу, па рано е да им пресудиме и да донесеме конечен заклучок. На овој натпревар веруваме дека гостите ќе ја искористат лошата форма на домаќините и дека ќе победат без поголеми проблеми. Наш предлог е 2 со квота 1.40 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3654.84


Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk