Тикет на денот (петок, 16.09.2023)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повторно имаме ден со фантастична понуда, а тоа е благодарение на повратокот на првенствениот фудбал. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Њукасл – Брентфорд – 1 @ 1.57 во Mozzart

Њукасл започна со победа во новата сезона, но веднаш потоа следуваше серија од катастрофални резултати. Имено, овој тим во последните три кола запиша исто толку и порази, па сега се наоѓаат на вториот дел од табелата. Два до тие три порази до некаде беа и очекувани бидејќи се натпреваруваа со Ливерпул и Манчестер Сити. Гостите од друга страна се уште немаат пораз, поточно запишаа три реми и една победа. Њукасл сметаме дека е време да земат нови три бода и типуваме 1 со квота 1.57 во Mozzart.

Џенова – Наполи – 2 @ 1.72 во 22Bet

Џенова повторно започна да игра по системот топло – ладно. Најпрво беа поразени од Фиорентина, а потоа успеаа да го победат Наполи со минимален резултат од 0-1. Во третото коло беа на гости кај Торино и запишаа повторно минимален пораз, па со ваква игра тешко дека ќе можат да стигнат до успех. Наполи пак веќе во третото коло го направи првиот кикс и беа поразени од Лацио на еден интересен натпревар. Судејќи според квалитетот на двата тима, Наполи е поблиску до трите бода, па затоа решивме да типуваме 2 со квота 1.72 во 22Bet.

Фрајбург – Дортмунд – ГГ @ 1.44 во 20Bet

Фрајбург и оваа сезона влезе со амбиции за пласман на позиција која може следната сезона да ги одведе во Европа. Тие запишаа две последователни победи, но тој фантастичен учинок го расипаа во последното коло каде што катастрофално беа поразени од Штутгарт со резултат 5-0. Дортмунд веќе два пати ремизираше и еднаш победи во првите три кола, а да бидеме искрени со ваков учинок тешко дека ќе можат да ја „бркаат“ првата позиција и да ја нападнат титулата. Очекуваме отворен и ефикасен натпревар со најмалку по еден погодок на двете страни. Коефициентот за ГГ во 20Bet изнесува 1.44.

Ленс – Мец – 1 @ 1.50 во Bet365

Три порази и едно реми во првите четири кола искрено не прилегаат на тим кој е дел од групната фаза на ЛШ. Ленс започна катастрофално во домашното првенство и ако денот се познава по утрото, тогаш ова ќе биде доста лоша сезона за овој тим. За противник го имаат тимот на Мец кој во истиот временски период запиша еден пораз, една победа и две реми, па и тие не се во некоја фантастична форма. Веруваме дека ова за домаќините е идеална шанса за три бода, па типуваме 1 со квота 1.50 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3655.83

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk