Тикет на денот (сабота, 16.12.2023)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште неколку викенди останаа до зимската пауза. Се надеваме дека правилно ќе ги искористиме овие денови со одлична понуда. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Челзи – Шефилд Јунајтед – 1/1 @ 1.80 во Mozzart

Крајно време е екипата на Челзи да преземат нешто. Се наоѓаат на средината на табелата и во последните пет натпревари имаат само една победа, а тој учинок некако не прилега на тимот од Лондон. Нивниот противник Шефилд е на дното на табелата и има досега освоено само 8 бода. За домаќините ова делува како идеална шанса за да земат три бода, па веруваме дека без поголеми проблеми ќе го остварат тоа. Наш предлог е 1/1 со квота 1.80 во Mozzart.

Валенсија – Барселона – ГГ @ 1.81 во 22Bet

Екипата на Валенсија имаше далеку подобар старт за разлика од ланската сезоната, но во последно време попуштија и на последните четири натпревари запишаа три порази и едно реми, но најважно е што се далеку од зоната за елиминација. Барса од друга страна не игра според очекувањата, а тоа го докажаа во последното коло кога беа поразени од екипата на Жирона, па сега се наоѓаат на 4-та позиција и со тој пласман не можат да бидат задоволни. Наш предлог за овој натпревар е ГГ со квота 1.81 во 22Bet.

Оксер – Ажаксио – 1 @ 1.65 во 20Bet

Екипата на Оксер има сериозни намери оваа сезона и ќе дадат се од себе за да обезбедат пласман во француската елитна лига. Засега се снаоѓаат одлично и може да кажеме дека се задоволни од досегашниот учинок со оглед на тоа што се наоѓаат на 3-то место на табелата. Ажаксио пак игра променливо, но рано е да им пресудиме за крајниот исход на оваа сезона. Ние веруваме дека Оксер може да ги земе трите бода на овој натпревар и типуваме 1 со квота 1.65 во 20Bet.

Селтик – Хартс – 1/1 @ 1.75 во Bet365

Селтик е на врвот на табелата и досега имаат освоено 42 бода, што во никој случај тој учинок не смее да се потцени. За жал во минатото коло доживеаа тотално неочекуван пораз и после водството од 1-0 во првото полувреме на крај претрпеа пораз од екипата на Килмарнок. Хартс од друга страна запиша два последователни неуспеси, поточно два пати беа поразени, а добро е тоа што се уште се во зоната која води во плеј оф. Селтик се издвојува како огромен фаворит на овој натпревар, а ние типуваме 1/1 со квота 1.75 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3659.40

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk