Тикет на денот (вторник, 23.05.2023)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во текот на оваа седмица ќе се изиграат повеќето заостанати натпревари и со тоа тимовите од најјаките лиги ќе влезат во последното коло со ист број натпревари, а покрај нив се игра и вонредно коло во Ла Лига. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Сосиедад – Алмерија – 1&2+ @ 1.72 во Mozzart

Баскијците го расипаа славењето на Барселона пред нивните фанови. Иако Каталонците веќе ја освоија титулата, сакаа на Ноу Камп да прослават во саботата, но Сосиедад успеа да и го нанесе првиот пораз на Барса на домашен терен, а воедно и да го осигура својот пласман во ЛШ. Се уште математички тоа не е сигурно, но веруваме дека нема да ја прокоцкаат одлична предност. Алмерија и понатаму се бори за опстанок, но не се во некоја опасна ситуација. Во моментов ја имаат 14-та позиција  со 4 бода повеќе од најзагрозените тимови. Овде очекуваме победа за домаќините и типуваме 1&+ со квота 1.72 во Mozzart.

Словачко – Спарта Прага – 1Х&2+ @ 2.15 во 22Bet

Се уште има многу комбинации иако останаа само две кола во чешкиот плеј оф. Јасно е дека Спарта е многу поблиску до титулата и може да ја завери после ова коло. Доволно е да го опбеди Словачко и после долго време повторно ќе бидат прваци на својата земја. Клучниот триумф го остварија против се уште актуелниот шампион, градскиот ривал Славија на домашен терен. Победија со 3-2, а одлучувачкиот погодок беше постигнат од белата точка во судиското надополнување. Сега ќе гостуваат кај Словачко, тимот кој ги победи во финалето во купот и ги спречи да стигант до трофеј. Сега повторно овој тим е во конкуренција за пласман во Европа и се наоѓа на делба на 4-то место со Бохемианс. Наш предлог е двојна шанса за домаќините и најмалку два погодоци. Коефициентот за 1Х&2+ изнесува 2.15 во 22Bet.

Вадуз – Лозана Оуши – 2&2+ @ 2.50 во Bet365

Повеќето фановите не ја сфаќаа сериозно екипата на Лозана Оуши кога се зборуваше дека можат да стигнат во Супер лигата на Швајцарија. Младиот тим од Лозана играше стрпливо и вредно собираше бодови, па сега на две кола пред крајот се на делба на третото место со Вил од кого имаат за нијанса послаба гол разлика. Вадуз делува како потполно незаинтересиран тим и се наоѓа на 9-то место на табелата, а искрено и немаше кој знае какви изданија во оваа сезона. Ние веруваме дека овде гостите ќе го искористат тоа и ќе победат без поголеми проблеми. Наш предлог е 2&2+ со квота 2.50 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3659.24

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk