Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот напаѓач Тимо Вернер би можел да ја продолжи кариерата во редовите на Ливерпул.
Според Билд, 23-годишниот напаѓач е голема желба на менаџерот на Црвените, Јирген Клоп и тој ќе се обиде да го ангажира во летниот трансфер период.
Трансферот на Вернер од Лајпциг во Ливерпул е возможен. Цената од 60 милиони евра за германскиот клуб е прифатлива за тимот од „Енфилд“ и можно е напаѓачот да заврши во Премиер лигата.
Вернер претходно се поврзуваше со многу великани. Се споменуваше неговиот трансфер во Баерн и Барселона, но на крајот не остана ништо.
Тимо Вернер е навистина фантастичен оваа сезона. Тој одигра вкупно 30 натпревари за Лајпциг и има влијание од 25 голови и 10 асистенции