Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До крајот на мај, официјално ќе биде потврдена одлуката дека тимовите ќе можат да користат пет паузи во еден натпревар.
Ова правило треба да се применува и во сезоната 2020/21, бидејќи распоредот за следната натпреварувачка година ќе биде прилично тесен.
“Имаме тесен календар на натпревари, повеќе натпревари во текот на неделата, а здравјето на играчите е наш приоритет. Со ова правило, напорите можат да бидат ублажени”, рече ФИФА.
Сепак, тренерите нема да можат да направат паузи за замени во пет интервали, туку во три нтервали, што значи дека ќе се прават измени во системот 2+2+1, односно ќе може да се дозволат три запирања во игра.
Кога станува збор за натпревари во продолженија, екипите би можеле да направат уште една промена, што значи дека тренерот би можел да смени половина од тимот за 120 минути игра, не сметајќи ја позицијата на голманот.