Тинејџер бара да го откопаат телото на Марадона зашто сака да дознае дали му е татко?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сантијаго Лара, тинејџер од Аргентина, му дал дозвола на адвокатот да побара откопување на телото на Диего Армандо Марадона.

До Судот во Аргентина беше испратено барање за аутопсија и ДНК анализа, и тоа со цел да се потврди дали му е татко на едно момче.

Мајката на тинејџерот, Наталија Гарат, била келнерка и починала во 2006 година, а Марадона наводно имал врска со неа која траела седум години.

„Мајка ми почина кога имав три години. Пред да почине, им кажа на адвокатите да ми пренесат дека Диего ми е татко. Само сакам да ја знам вистината, парите не ме интересираат“, вели тинејџерот.

Марадона почина на 60-годишна возраст како последица од срцев удар, а поради тоа беше прогласена тридневна жалост во Аргентина.